Репрезентациите на Србија, Холандија, Романија и Австрија ја оправдаа фаворитската улога и забележаа убедлива победа во европските квалификации за пласман на Светското првенство 2026.
Србите на домашен терен славеа над Андора со 3-0, а стрелец на сите три гола беше Александар Митровиќ, за кого ова беше 100-ти настап за репрезентацијата.
Најубедлива победа забележа Холандија, која ја декласира Малта со 8-0. Депај и Мален постигнаа по два гола, додека по еднаш во листата со стрелците се запишаа Ван Дајк, Ван де Вен, Симонс и Ланг.
Srbija vodi sa 1:0! Mitrović je postigao gol u Leksovcu! IDEMOOOO pic.twitter.com/8P6ZjlAIlH
— sportnadlanu (@klikclick191174) June 10, 2025
Австрија рутински со 0-4 славеше на гостувањето кај Сан Марино, додека Романија, потешко од очекуваното, го победи Кипар со 2-0.
Единствениот кикс го направи селекцијата на Албанија, која одигра само 1-1 на гостувањето кај аутсајдерот Летонија. Домашните во 21-вата минута не реализираа пенал, а Албанија поведе со автоголот на Черномордијс во 29-тата минута. Истиот фудбал, но во четвртата минута од продолжението на првиот дел, успеа да погоди и во вистинската мрежа – онаа на противникот – и така да ѝ донесе бод на неговата селекција.