Србија доминираше против Чешка, Литванија повеќе од 35 минути водеше, но на крајот загуби од Франција

Србија не дозволи никакво изненадување и без многу проблеми со 81:68 ја победи Чешка, во меч од второто коло на Европското првенство во кошарка. Србите во текот на целиот меч го контролираа резултатот. Во втората четвртина водеа со 39:17, а највисоката предност од 23 поени ја имаа во 26 минута кога беше 58:35.

Тогаш Чесите со серија од 14:2 намалија на 11 разлика, но Србите во последната четвртина не им дозволија на домаќините да се понадеваат на чудо. Никола Јокиќ со 18 поени и 11 скока беше најдобар на теренот.

Многу понеизвесно беше на дуелот Литванија – Франција, а на крајот се радуваа Галските петли со 77:73. Литванија беше селекцијата која почна многу подобро и водеше со 21:8 во првата четвртина. Во текот на првите три четвртини речиси постојано водеше Литванија, а на почетокот на последната четвртина беше и 60:54.

Франција стигна до 60:60, а потоа при резултат 64:62 а Литванија, Франција со низа од 9:0 стигна до предност од 71:64 и до крајот ја сочува предноста, стигнувајќи до првиот триумф на турнирот.

- Оглас -

Најнови вести