Србија е победник на меморијалниот турнир Марко Божиновски

Кадетската ракометна репрезентација на Србија е победник на меѓународниот турнир „Марко Божиновски 2025“. Во финалето, оваа репрезентација беше подобра од Македонија А со 26-32 (13-16).

За избраниците на Горан Кузманоски ова беше прв пораз на тунирот по двете победи против Босна и Катар. Селекцијата на Босна и Херцеговина го освои петото место откако беше подобра од Романија по подобро изведување на пенали. Во борба за третото место ќе играат Македонија Б и Катар.

Ова е четвртото издание на меморијалот во чест на Марко Божиновски, а прво со репрезентативен карактер. Учество земаа ракометари до 17 години.

- Оглас -

Најнови вести