Србија финалист на АТП купот, Ѓоковиќ вака не се радува ни кога освојува гренд-слеми (Видео)

Србија е првиот финалист на АТП купот, откако Душан Лајовиќ потврди дека е во животна форма и го изненади Карен Хачанов, а Новак Ѓоковиќ во исцрпувачки меч го совлада Данил Медведев. Србите во финалето на ова ново тениско натпреварување, ќе играат против Шпанија или домашната Австралија.

Ноле и Медведев играа речиси три часа, Русинот даваше силен отпор иако првиот сет го загуби со 1-6. Затоа и кога го освои последниот поен со кој ја потврди победата, Ѓоковиќ не знаеше како да прослави и падна на земја. Тој третиот сет го доби со 6-4, но само некоја минута пред победничкиот поен, Медведев имаше шанса за брејк и 5-5 која не ја искористи, затоа што Новак одигра неверојатен поен и се спаси на чудесен начин.

https://twitter.com/i/status/1215865791712825344

- Оглас -

Најнови вести