Репрезентацијата на Србија е последниот четвртфиналист на Светското ватерполо првенство кое се одржува во Јапонија. Тие во плеј-офот го совладаа токму домаќинот со убедливи 16-10.
Сепак, не беше така лесно за Србија, која отпорот го скрши дури во третиот период, откако на полувремето имаа само минимално водство од 6-5. Третата четвртина Србија ја доби со убедливи 7-2 и тоа беше клучниот период во мечот.
Противник на Србија во четвртфиналето ќе им биде репрезентацијата на Италија, а победникот од овој натпревар во полуфиналето ќе игра против подобриот од дуелот Грција – Црна Гора, додека останатите два дуели се Унгарија – САД и Шпанија – Франција.