35.8 C
Skopje
четврток, 21 август 2025

Србија го отпушти селекторот Тумбаковиќ

Фудбалската федерација на Србија му врачи отказ на селекторот Љубиша Тумбаковиќ.  Двете страни одлучија да ја прекинат досегашната соработка откако управниот одбор денес на состанокот изгласа недоверба во Тумбаковиќ.

Потрагата по нов стратег ќе потрае, со оглед на тоа дека наследникот на Тумбаковиќ треба да се одбере внимателно. Од таборот на Српската федерација се надеваат дека нов селектор на А тимот ќе се одреди до крајот на оваа година.

Така Србија со нов стратег ќе тргне во квалфикациите за Светското првенство во Катар во 2022 година, откако со Тумбаковиќ претрпе неуспех во баражот за ЕП и беше елиминирана од Шкотска.

- Оглас -

Најнови вести