Србија ја декласира Грција со 84:61 и си го трасира патот кон Кина на Светското првенство во 2019 година. Српските кошаркари уште по првата четвртина најавија дека ќе победат, а ја добија со 29:14.
Грците возвратија со позитива од 8 поени во вториот период, но во продолжението мораа да го прифатат првиот пораз во фазата по групи.
Сепак, тие и Германците веќе се пласирани на Мундијалот, а Србија има една победа повеќе од Грузија на две кола до крајот на фазата по групи и е фаворит за настап во Кина.