Србија ја доби класиката со Литванија и е прв полуфиналист на СП

Кошаркарската репрезентација на Србија е првиот полуфиналист на Светското првенство кое се игра во Јапонија, Индонезија и Филипини.

Србите во вистинска европска класика, во првото четвртфинале ја совладаа Литванија со 87:68 во меч кој се играше во Манила.

Литванија која во претходниот меч ја совлада селекцијата на САД (110:104), денеска сао во првата четвртина беше рамноправен противник на Србите. Во втората четвртина Србија одигра одлично и ја доби со 25:13 со што ја најави победата.

Во првото полувреме блескаше Богдан Богдановиќ кој постигна дури 18 поени и притоа промаши само по еден шут за два и за три поени.

Србите во третата четвртина продолжија таму каде што застанаа во втората, и ја зголемија предноста на плус 18 (73:55) која им го трасира патот кон полуфиналето. Во последната четвртина, Србија ги одби сите налети на Литванците и на крајот славеше со 87:68.

Богдан Богдановиќ беше најдобар во редовите на Србија на 21 постигнат поен, Филип Петрушев постигна 17, додека Стефан Јовиќ даде 11. Кај Литванија, Тадас Седекерскис постигна 14 поени.

Противник на Србија во полуфиналето ќе биде подобриот од четвртфиналната пресметка меѓу Канада и Словенија.

 

- Оглас -

Најнови вести