Србија одигра одличен меч и со 30:27 ја победија Германија во меч од второто коло на Европското првенство. Мечот започна израмнето и така беше се до резултат 8:8. Потоа Германците со серија од 3:0 ја направија првата посериозна предност, а на полувреме заминаа со водство од 17:13.
Во второто полувреме Германија го контролираше резултатот до 20:18, а потоа Србите го одиграа најдобриот период од мечот. Со серија од 5:1, Србија поведе со 23:21. Потоа беше 25:25, кога Србија поведе со 26:25, а потоа дојде и кобниот момент кога германскиот селектор Алфред Гисласон побара тајм-аут и тоа во истата секунда кога неговите ракометари дадоа гол за израмнување, но ВАР системот покажа дека за само еден милиметар топката не поминала низ гол-линијата навреме.
Потоа Германците не реализираа напад, Србија погоди на две и пол минути до крајот. Германците промашија и пенал, па Србија поведе со 28:25 и беше јасно дека ќе победат.
Во оваа група Шпанија е прва со четири бодови, Србија и Германија имаат по два бода, а Австрија е без бодови.

