Кошаркарската репрезентација на Србија со убедлива победа над Данска од 98-51 и теоретски го обезбеди пласманот на Европското првенство. Нашите северни соседи со четири победа од четири натпревари се недостижни за конкуренцијата и на две кола пред крајот од квалификациите се чекираа на континенталниот собир.
За Србија првпат после повредата пред домашната публика настапи Бориша Симаниќ, кој беше поздравен со оваа од гледачите, а тој им возврати со одлична партија и 12 поени.
Со тоа Србија стана првата репрезентација која го обезбеди учеството на Европското првенство преку квалификациите, а таму веќе се четирите домаќини – Кипар, Финска, Летонија и Полска.