Србија на крај со 5-ка, но таа не е доволна за да биде успешен Мундијалот

Србија заврши како петопласирана на Светското кошаркарско првенство во Кина. Во последниот меч на Мундобаскетот за нив, Србија ја победи Чешка со 90:81. Богдан Богдановиќ со 31 поени, од кои седум тројки, беше прв играч кај победничкиот тим.

Мечот беше за престиж, а Србија собра мотив да ја оправда улогата на фаворит. По првата четвртина беше нерешено (20:20), а Чешка изненадувачки, во 17 минута стигна до предност од 43:30, а на полувремето аутсајдерите водеа со плус 9 (50:41).

Србија започна фуриозно во второто полувреме,па за многу брзо време ја анулираа негативата и поведоа со 64:58. Од тој момент, фаворитот ја задржа предноста до крајот и на крајот стигна до петото место.

Утре во 10 часот се игра мечот за трето место меѓу Франција и Австралија, а потоа во финалето од 14 часот за златото ќе играат Аргентина и Шпанија.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести