Летонија ја победи Србија со 66-59 во меч од квалификациите за Светското првенство во кошарка, па сега Летонците се први во својата група. И Србите ќе одат во следната фаза, но денеска потфрлија во второто полувреме, откако го добија првото.
Од НБА играчите, во српскиот тим беа Немања Бјелица и Бобан Марјановиќ, но тие заедно имаа само 5 поени. Фалеа многу од ѕвездите кај Србија, но и Летонија не беше комплетна, па овој пораз е предупредување за нашите северни соседи.