22.8 C
Skopje
вторник, 19 август 2025

Србин од МЛС лигата ќе биде замената за Кепа во Челзи

Екипата на Челзи го испрати Кепа Аризабага на позајмица во Реал Мадрид, па сега ќе мора да бара нов резервен голман за новата сезона. Шпанецот иако важи за најскапиот голман во историјата, бидејќи во 2018-тата беше купен од Атлетик Билбао за 80 милиони евра, сепак во Челзи имаше статус на втора опција за голманската позиција, а предност добиваше Роберт Санчес.

Погледите на Челзи во моментов се насочени кон србинот Ѓорѓе Петровиќ кој настапува за екипата на Њу Ингланд во американската МЛС лига. Клубот од “Стемфорд Бриџ“ веќе има испратено понуда за неговите услуги и таа изнесува 15 милиони евра и доколку биде прифатена, тогаш Петровиќ ќе стане најскапиот голман во МЛС лигата.

- Оглас -

Најнови вести