Србинката која е апсолутен хит на Вимблдон со пет победи во 10 дена заработи пари за кои можеше само да сонува

Наталија Стевановиќ денеска ќе игра во третото коло на Вимблдон а за противник ја има некогашната освојувачка на овој гренд слем турнир, Петра Квитова. Тенисерката која е на 225 место на ВТА листата, почна од квалификациите за Вимблдон, ги помина трите преткола, а потоа беше успешна и во првите две кола.

Со петте победи во изминативе 10 дена, Стевановиќ веќе си обезбеди заработка од 150.000 евра за овие блескави игри. Оваа сума е половина од тоа што девојката родена во Ниш, која првите тениски тајни ги учеше во Скопје, ги има заработено во претходните 10-тина години од профи кариерата.

Според податоците на ВТА, Стевановиќ во досегашниот дел од кариерата вкупно има заработено 380.000 евра за десетина години, а сега за 10 дена ќе инкасира минимум 150.000 евра.

Доколку успее да направи уште едно изненадување и денеска да ја победи Квитова, на контото на Србинката ќе легнат дополнителни 90.000 евра, што значи дека заработката би се искачила на 240.000 евра. Сепак според квотите во Sport Life, Квитова е голема фаворитка за победа.

- Оглас -

Најнови вести