Србинките се специјализираа за баскет драми, ќе играат финале на ЕП против Франција

Српските кошаркарки се специјализираа за дранатични натпревари во нокаут фазата на Европското првенство и се пласираа во финалето по победата против Белгија со 74:73.

Во финишот имаа предност од 74:70, но Белгијките со тројка најавија неизвесна завршница, но немаа сили и за комплетен пресврт, па ќе играат за третото место против Белорусија.

Србија ќе игра меч за титула против Франција во реприза од завршниот меч за титулата од ЕП во 2015 година кога беа подобри од Триколорките и славеа со 76:68.

Претходно во четвртфиналето Србинките го победија актуелниот шампион Шпанија по продолженија со 71:64.

Финалето ќе се игра утре од 21 часот.

- Оглас -

Најнови вести