12.8 C
Skopje
вторник, 4 ноември 2025

Србинот раскажува за своето искуство во Македонија: Нема плата, многу лаги, не можеш ни вода да пиеш затоа што е замрзната (Видео)

Немања Бешовиќ е еден од највисоките кошаркари кои играле во македонското кошаркарско првенство. Центарот кој е висок 221 сантиметри во 2016 година потпиша за тимот на Струмица, а сега во еден од најпопуларните кошаркарски поткасти на Балканот, поткастот „Јао Миле“, Бешовиќ раскажа низ каква голготата поминал во тие неколку месеци додека бил во Македонија, односно во Струмица.

„Имав операција на грбот и не играв една година. Нема кој да те земе. Требаше да заминам во Македонија. Ги прашувам како да дојдам, да ми платат карта, а тие ми рекоа да дојдам со авион и дека ќе ми ги рефунриаат средствата. Секако, тоа е стара финта. ВО Струмица бев неколку месеци и за тие неколку месеци не сум слушнал повеќе лаги“, вели Бешовиќ.

Кошаркарот кој летово стави крај на играчката кариера, раскажуваше и за ужасните услови во Македонија.

„Ни велеа да пиеме вода, а чешмата беше заледена. Не даваа плата и кога си заминав дома за Нова година, решив да не се враќам. Живеев во стан со соиграч, каде имаше еден кауч на развлекување и тросед. Немав каде да спијам. Морав да се снаоѓам, сам си донесов душек за да имам каде да спијам. Македонија беше едно страшно искуство, но дружбата беше феноменална“, раскажува Бешовиќ кој две години претходно играше за Партизан и беше голема надеж на српската кошарка.

- Оглас -

Најнови вести