Србите имаат за наплаќање долгови од СП 2018 година

Групата Г во која се Бразил, Швајцарија, Србија и Камерун, ќе биде една од поинтересните на Мундијалот во Катар.

Нашите северни соседи беа во група со Кариоките и Швајцарците и пред четири години на СП во Русија. Тогаш Србија загуби и од Бразил и од Швајцарија, па сега ќе има шанса за реванш и наплата на долговите.

Србија во првото коло се среќава со фаворитот Бразил, а повторно во трето коло треба да игра со Швајцарија, во меч кој може да биде клучен за пласман во осминафиналето, исто како во Русија. Пред четири години, Џердан Шаќири го даде решавачкиот гол за Швајцарија и славеше со „летање на албанскиот орел“, што беше провокација за Србите, потег за кој Шаќири беше и казнет.

- Оглас -

Најнови вести