Србите ќе бидат најголеми амбасадори на италијанскиот фудбал во Катар

Отсуството на четирикратниот светски првак Италија од Мундијалот во Катар е еден од најголемите шокови во историјата на планетарните собири. Македонија ги елиминира Аѕурите во плејофот, па актуелниот европски првак нема да биде дел од Светското првенство кое започнува в недела.

Во отсуство на Италија, најголеми амбасадори на италијанскиот фудбал ќе бидат фудбалерите на Србија. Тоа е така затоа што Србија во својот состав има најголем број играчи кои се дел од Серија А. Дури 11 репрезентативци на Србија играат во италијанското првенство.

Зад Србите, следува Полска со деветмина фудбалери кои играат во Серија А, потоа Аргентина со шестмина репрезентативци, додека во Серија А играат по четворица фудбалери од Холандија, Хрватска и Камерун.

- Оглас -

Најнови вести