Србите на стадион „протнаа“ забранети знамиња

Препораките на УЕФА се дека на стадион не смее да се внесе знаме кое не е на некоја од 24-те земји учеснички на Европското првенство, забранети се и пароли со политичка содржина, но Србите вечерва во Гелзенкирхен на стадион ги прекршија овие правила и си го направија меракот, а обезбедувањето ќе треба да добие укор.

На стадионот имаше знамиња со мапата на Косово и српско знаме со пораки „Косово е Србија“, „Нема предавање“, а го имаше и државното знаме на Русија кое е слично на српското.

- Оглас -

Најнови вести