Србите обвинуваат за дискриминација: „Не сакаа да го преведат пресот од украински ниту на српски, ниту на англиски“

Динамо Киев со убедливи 6-2 го победи Партизан на првиот меч од второто коло од квалификациите за Лигата на шампионите, а овој меч беше во центарот на вниманието поради најавите на украинскиот претставник дека нема да учествуваат во никакви заеднички активности со Партизан, ниту да се поздравуваат со фудбалерите на натпреварот поради пријателските дуели на „црно-белите“ против руски екипи.

Ваквите најави се остварија, капитенот на Динамо одби да се поздрави со капитенот на Партизан, а српските новинари обвинуваат дека биле дискриминирани и на официјалната прес-конференција после мечот, биејќи организаторот одбил да ги преведува прашањата и одговорите на српски или на англиски, што е вообичаена пракса на меѓународни натпревари.

„Прв на пресот дојде Олександр Шовковски, го почна обраќањето со ‘Слава на Украина’ и одговараше на прашањата на украинските медиуми, меѓутоа без превод на англиски јазик. На нашето прашање дали некој може да преведе на англиски тоа што тренерот го кажа, сите одмавнаа со глава и зборуваа само на украински. После неколку прашања на кои немаа одговор, ја напуштија салата без збор. Некоректно однесување и апсолутно надвор од протоколот.“ – вели новинарот на српски Спорт клуб.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести