Србите одговорија на прозивките дека Јокиќ игра кошарка како ватерполист

Никола Јокиќ со 22 поени, 10 скока и пет асистенции придонесе за победата на Денвер нагетс против Лос Анџелес лејкерс во третиот меч од западното финале на НБА лигата, а пред мечот се појави интересен текст во американските медиуми во кој се објаснуваше дека Србинот игра кошарка како да е ватерполист, поради познатите додавања со една рака, како и со исфрлањето на топката со една рака или држење на топката високо со една рака.

Американците го анализираа генетскиот код на Јокиќ и пишуваа дека ватерполото е трофеен спорт во Србија, па дека кошаркарот веројатно толку добро игра со една рака, што можеби е производ на традицијата на играње ватерполо.

По победата на Нагетс над Лејкерс, еден производител на капи за ватерполо објави фотографија од насмеаниот Јокиќ, кој на главата си врзува ватерполо капче. Инаку, сопственик на фирмата е прославениот српски ватерполист Андрија Прлаиновиќ.

 

- Оглас -

Најнови вести