Денвер не се предава: Лејкерси овојпат немаа одговор за дуото Јокиќ – Мареј (видео)

Денвер нагетс ја доби третата пресметка против Лејкерс со 114:106 за намалување на водството на тимот од Ел-Еј на 2-1 во финалната серија од Западната конферецнија. Лејкерси немаа одговор за извонредното издание на дуото Јокиќ – Мареј, ѕвездите на Денвер комбинираа 50 поени во заслужената победа.

Неизвесно беше на стартот од дуелот, а Денвер ја презеде контролата врз резултатот по влезот во втората четвртина, во која имаше и +18 поени предност. Избраниците на Френк Вогел беа блиску до пресврт во второто полувреме, но Денвер одново влезе во серија со која оствари +20 поени предност. Серијата од 13-0 на Лејкерси во клучниот период ги доведе до ситуација да заостануваат само три поени, но сите дилеми ги разреши Мареј со две тројки во последната минута.

Бекот на Денвер ја заврши средбата со дабл-дабл од 28 поени и 12 асистенции, му недостасуваа два скока за трипл-дабл, а Јокиќ исто така оствари двоен учинок со 22 поени и 10 скока, што беше доволно да се поништи трипл-даблот на Леброн Џејмс од 30 поени, 10 скока и 11 асистенции.

- Оглас -

Најнови вести