Србите рекоа доста е на +59 против Филипини

Репрезентацијата на Србија го обезбеди своето место во следната фаза од Светското првенство со новиот убедлив триумф, овојпат над Филипини со конечни 126:67. Избраниците на Александар Ѓорѓевиќ уште еднаш одиграа на потребното ниво, и покрај тоа што се почувствува огромната разлика во квалитетот со противникот.

Филипинците само на стартот од мечот покажаа заби, а потоа им се случи бродолом. Предноста од +15 по првите 10 минути дојде до +27 во корист на Србија во првото полувреме, односно при резултат од 62:35. Фуриозното полнење на кошот на Филипини не го прекинаа Орлите, а за малку ќе постигнеа 100 поени пред почетокот на последната делница, но застанаа на 99.

Како што се приближуваше крајот на средбата, така Србија постепено ја менуваше највисоката разлика, која достигна до огромни +59.

Со 20 поени Бјелица беше најефикасен во составот на Србија, Бограновиќ заврши со 17 поени и пет асистенции. Најсветла точка во филипинската селекција беше Перес со 16 поени.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести