Србите се ненадминливи, имаат тренер што доби два откази само по 9 натпревари

Србија е европски рекордер по бројот на сменети тренери и во минатата и во оваа сезона, а сега имаат и необичен случај со менаџер што беше на клупата на два клуба во Првата лига и само за 9 одработени натпревари доби два откази.

Се работи за 46-годишниот тренер Александар Линта, кој ја почна сезоната како кормилар на Радник Сурдулица, но по лошиот старт и два порази во првите две кола, го доби првиот отказ на почетокот на сезоната.

Потоа повторно доби шанса во Младост ГАТ, но и таму беше отпуштен само по 7 меча како тренер, а имаше биланс од една победа и реми и пет порази.

Вкупно оваа сезона во Првата лига на Србија, Линта со Радник и со Младост има ефект од 1-1-7, па некако и не е неочекувано што двапати мораше да се повлече од кормилото на двата клуба.

По 12 одиграни кола двете, „негови“ екипи се на последните две места на табелата, Радник само со 4 бода на самото дно, а Младост со 8 на претпоследното место.

 

- Оглас -

Најнови вести