Србите шокирани од потегот на чаирските Шверцери (Фото)

Дуелот меѓу Албанија и Србија е едно од дербијата кои ќе се играат викендов во квалификациите за Светско првенство 2026 година. Дуелот ќе се игра в сабота во Тирана, а голем дел од албанските најверни навивачи беа разочарани од начинот на кој беа поделени билетите за овој меч.

Најавите се дека во Скопје на плоштадот „Скендербег“ ќе има организирано гледање на мечот, а Шверцери преку својот ФБ профил ги повикуваат навивачите на заедничко гледање на мечот.

Во најавата за мечот, знамето на гостите и името на земјата Србија се превртени, што наиде на реакција кај српските медиуми, кои наведуваат дека со овој гест, албанските навивачи покажуваат колку многу ги мразат Србите.  

- Оглас -

Најнови вести