Србите воведоа нови мерки: Ќе има фудбал, но без публика

Додека светот привремено ги прекина спортските настани, нашиот северен сосед засега не планира да ја прекине фудбалската сезона. Сепак, воведени се нови мерки за заштита од ширење на коронавирусот, па утрово е потврдено дека натпреварите од 26-тото коло во Суперлигата ќе се одржат без присуство на публика.

Меѓу воведените рестрикции е забрането ракување на фудбалерите и арбитрите, како и излез на теренот без деца-маскоти. Клубовите ќе може да доведат персонал до 50 луѓе на натпреварите, вклучувајќи ги играчите, стручниот штаб и раководството.

Воведени се мерки и за новинарите како и фотографите, на кои им е забранет пристап покрај теренот, додека прес-конференциите ќе се одржат под посебни услови со присуство на еден играч од двете екипи и тренерите.

Една од причините за ваква реакција на организаторите на Суперлигата е поради сомнение дека претседателот на српската фудбалска федерација Славиша Кокеза е заразен од коронавирусот.

За денес е предвидено да се одржи целото 26-то коло во кое има осум натпревари.

- Оглас -

Најнови вести