Летонецот Ернест Гулбис е познат по необичните испади и некогашниот голем тениски талент приреди невиден скандал на Челенџер турнирот во Корденонс во Италија.
Незадоволен од сервисот и направената двојна сервис-грешка, Летонецот го фрли рекетот кој леташе преку целиот терен и заврши во заштитната ограда.
https://twitter.com/HombreNadal/status/1554822558020771840?s=20&t=z48f1km5LL0h9_WGKaXyYw
Гулбис и покрај очигледната нервоза, сепак го победи Шпанецот Санчес Изгуиредо со 2:0 во сетови и ќе игра во второто коло.
Летонецот кој беше најавуван како голем тениски талент, добро ѝ е познат на македонската спортска јавност по скандалот што го направи во Скопје во 2008 година.
Тогаш допатува со летонската национална репрезентација на меч против Македонија и откако загуби по првиот ден, си замина со приватен авион, а нашата репрезентација во салата „Јане Сандански“ тогаш победи со 4:1.