Среќа за Барселона, Дембеле ќе отсуствува само четири меча

Осман Дембеле ќе треба да мирува во следните 15-тина дена по повредата која ја заработи на синоќешниот меч против Леганес. Францускиот репрезентативец даде гол за водство на каталонскиот гигант од 1-0, а потоа беше принудно заменет поради повреда. Се жалеше на болки во зглобот, но и на болки во коленото.

Иако не го одигра цел меч, Дембеле постави рекорд по бројот на успешни дриблинзи во Примера дивисион. Тој имаше 11 успешни поминувања покрај противничките играчи. За Дембеле тоа беше јубилеен 50-ти меч во дресот на каталонскиот гигант. Засега има биланс од 17 гола и 12 асистенции.

Поради повредата, Дембеле ќе ги пропушти двата четврт-финални меча против Севилја во Купот на Шпанија, како и првенствените мечеви против Жирона на гости и против Валенсија на „Камп ноу“. На местото на Дембеле ќе игра Филипе Кутињо.

- Оглас -

Најнови вести