Шарл Леклер му донесе многу радост на тимот на Ферари со победа на трката за Големата награда на Австрија, на која најмалерозен беше неговиот клупски колега Карлос Саинц.
Шпанецот немаше ни грам среќа и кога беше во добра позиција на 13 круга пред крајот на трката на Ред Бул ринг му се запали болидот.
За среќа Саинц навреме се извлече и мина без повреди, но мораше да се повлече од трката.
Engine failed for Carlos Sainz on #AustrianGP
Ferrari lost a car
VSC in !#F1#Formula1 pic.twitter.com/T9kdB4CHR3— SportArena (@SportArenaYT) July 10, 2022
Ферари сезонава имаше многу пропусти и малери, а овој со Саинц е само едн во низа што им се случува на болидите на познатиот производител на автомобили.
Саинц не освои бодови во Австрија и остана на четвртото место во генерален поредок зад Ферстапен од Ред Бул, клупскиот колега Леклер и Перес од Ред Бул.

