Среќен крај на најубавата приказна на ЗОИ: Руската тинејџерка останува во Пекинг

Руската натпреварувачка во уметничко лизгање Камила Валиева, која го воодушеви светот со својот прв настап на Зимските олимписки игри во Пекинг, е ослободена од обвинението дека користела допинг. Спортскиот арбитражен суд во Лозана (ЦАС) одлучи дека 15-годишната тинејџерка може да продолжи со своите настапи на ЗОИ.

Валиева имала позитивен допинг-примерок на тестирање во декември, кога се утврдило дека користела триметазидин, лек против ангина пекторис и вртоглавица. ВАДА го забранила и го ставила на листата на регулатори на хормоните, па тинејџерката привремено била суспендирана, а потоа добила „зелено светло“ за настап од Руската антидопинг-агенција.

Младата лизгачка стана првата во историјата на Олимписките игри која извела четирискок (четирикратен луц). И други натпреварувачки го изведувале тој елемент, но никогаш никоја досега се немаше обидено тоа да го направи на Олимпијада.

Сега Валиева ќе учествува и во натпреварувањето во поединечна конкуренција, каде што, секако, е голем фаворит за златниот медал.

- Оглас -

Најнови вести