Српски клуб вработи момче поради неговиот успех на „Фудбал Менаџер“

Андреј Павловиќ е момчето кое стана член на стручниот тим на Бежанија благодарение на неговиот успех на популарната видеоигра „Фудбал Менаџер“. Младиот белграѓанец има неверојатен успех на видеоиграта и предводејќи го тимот на Бежанија во рок од 16 години успеал да стигне до полуфиналето од Лигата на шампионите.

Освен успехот во ЛШ, 22-годишното момче успеал со Бежанија да освои 10 титули во низа во српското првенство, плус шест Купа на Србија. Ваквиот успех на Павловиќ бил доволен мотив за да биде повикан да биде дел од стручниот штаб во Бежанија.

„Не сакам да се фалам, но сум еден вид легенда на ‘Фудбал Менаџер’. Ги контактирав и им ги покажав моите резултати на играта и им посочив дека ќе можам да им помогнам посебно околу статистиката. Не очекував дека ќе ме повикаат во тимот“, вели Павловиќ.

Дебито во новата работа Павловиќ го имаше минатиот викенд. Тој направи одлична анализа пред дуелот со Дедиња и Бежанија победи со 2:1. Сите во клубот биле импресионирани од работата на Павловиќ. Бежанија моментно е на 12-тото место од 14 екипи, само со осум освоени бода од осум меча.

 

- Оглас -

Најнови вести