Српскиот џин намерно утна слободно фрлање за публиката да добие сендвичи со пилешко (Видео)

На натпреварот помеѓу Лос Анџелес клиперс и Хјустон рокитс се случи една ситуација каква што не се памети во историјата на НБА-лигата, а главен актер беше српскиот центар Бобан Марјановиќ.

Марјановиќ е поранешен играч на Клиперс и знае за правилото дека ако некој гостински играч утне две слободни фрлања по ред во последна четвртина, сите гледачи во салата треба да добијат бесплатни седвичи со пилешко месо.

Синоќа тој во последната четвртина застана на линијата и откако не го реализира првото фрлање, даде знак дека намерно ќе го утне второто со цел навивачите на Клиперс да добијат гратис сендвичи од спонзорот.

- Оглас -

Најнови вести