Српскиот коментатор грмеше од радост при голот на Италија против Хрватска (Видео)

Во Србија не го кријат задоволството што Албанија е елиминирана од ЕВРО 2024, а најверојатно истата судбина ќе ја снајде и Хрватска.

Албанските и хрватските фанови заедно ја навредуваа Србија, па на Србите, вчерашните резултати им беа како мелем на рана и се зголемија шансите на српската селекција да оди во осминафинале, дури и со нерешен резултат против Данска вечерва.

Коментаторот на српската национална телевизија, отворено се радуваше кога Ѕакањи даде гол кој ги шокираше Хрватите, а не беше толку среќен и возбуден кога Хрватска постигна гол.

Претходно, погледнете и слушнете ТУКА како коментаторот се радуваше на утнатиот пенал на Модриќ и го фалеше голманот Донарума, но и беше тивок кога хрватскиот легендарен фудбалер даде гол за 1-0.

- Оглас -

Најнови вести