22.8 C
Skopje
недела, 24 август 2025

Српскиот коментатор не издржа, се расплаче додека траеше минутата молк за починатите (Видео)

Србија со 2:0 ја победи Австрија во меч по кој стана јасно дека нашиот северен сосед ќе остане во А сегментот во Лига на нации. Домаќините постигнаа два гола во второто полувреме и по ремито 1:1 на првиот меч во Виена, јасно беше дека Србија ќе игра во елитниот сегмент и во следното натпреварување.

Пред мечот на стадионот „Рајко Митиќ“ имаше едноминутно молчење. Таа едноминутна почит беше за починатите во трагедијата во Кочани, за 16-тиот загинат во трагедијата во Нови Сад кога се сруши натрешницата пред неколку месеци, за починатите неколку фудбалски легенди.

Додека траеше минутата молк, коментаторот на РТС, Александар Стојановиќ не успеа да ги задржи емоциите и се расплака.

- Оглас -

Најнови вести