Кошаркарската репрезентација на Србија го одигра претпоследниот пријателски натпревар пред Олимписките игри во Париз и убедливо ја совлада Јапонија во Белград со 119-100.
Во меч со огромен број поени, Србите го добија првиот период со 33-23, а на полувреме заминаа со седум поени предност (59-52).
Следеше уште една убедлива четвртина за Србија. Тимот на Светислав Пешиќ третиот период го доби со 32-18 и „набилда“ сериозна предност. На крајот, оствари триумф од 19 поени разлика.
Никола Јокиќ имаше 18 поени, осум скокови и седум асистенции, Петрушев додаде 17 поени, Богдановиќ беше стрелец на 15, Добриќ 14, додека и Мициќ беше двоцифрен со 12.
Хачимура имаше 29 поени за Јапонија, а неверојатно звучи фактот дека погодија дури 20 тројки.