Кошаркарската репрезентација на Србија вечерва го одигра првиот од двата натпревари на мини-турнејата во Абу Даби и загуби од селекцијата на Австралија со 84:73.
Селекторот на Србија, Светислав Пешиќ, вечерва не можеше да смета на капитенот Богдановиќ, како ни на Добриќ, заедно со претходно повредените Давидовац и Никола Јовиќ.
Пети Милс со две погодени тројки од исто толку обиди ги одбележа воведните минути на натпреварот и со неговата серија од 6:0 Кенгурите поведоа со 8:4.
Мициќ успеа да ја анулира таа почетна предност на Австралија, но влегувањето на Данте Егзум донесе нова енергија за противникот и Австралија во најголемиот дел од првото полувреме имаше предност. Сепак, во последната минута со поените на Маринковиќ и на Аврамович, Србија замина со минимална предност од 40:39 на одморот.
Резултатски немаше значајни промени ниту во третата четвртина, па во последните десет минути се влезе со мала предност на Австралија, 62:59.
На крајот, со серија од 12:0, Австралијците дојдоа до двоцифрена предност и славеа триумф. Пети Милс постигна 27 поени за Австралија, а Данте Егзум го заврши мечот со 14 поени.
Кај Србија, Петрушев беше најефикасен со 17 поени, Јокиќ запиша 14, Милутинов 12 со пет скока, а Аврамовиќ беше стрелец на десет поени.