Некогашниот холандски репрезентативец Марк Овермарс (49 години) пред крајот на 2022 година преживеа срцев удар, но неговата ситуација уште е сериозна. Според пишувањата во холандските медиуми, Овермарс уште нема закрепнато, и тоа затоа што освен срцевиот удар, тој преживеал и мозочен удар. Овие два напади кои може да бидат и смртоносни, му нанеле сериозна штета на срцето на поранешниот фудбалер.
Овермарс сега е пуштен на домашно лекување, но лекарите констатирале дека неговото срце работи само со 30 отсто од капацитетот, односно срцевиот мускул сега има способност за пумпање на крвта во телото со 70 отсто помалку од претходно. Проценките се дека закрепнувањето ќе трае најмалку една година, а и тоа дека Овермарс до крајот на животот ќе мора да прима соодветна лекарска терапија.
Овермас како фудбалер кариерата ја започна во тимот на Го Ахед Иглс, а потоа една сезона помина во Вилем Втори, па направи трансфер во Ајакс. Пет години помина во холандскиот гигант, а во 1997 година направи трансфер во Арсенал. Во 2000 година замина на „Камп Ноу“ и четири сезони го носеше дресот на Барселона. Во 2008 година реши да се врати во својот прв тим, Гоу ахед иглс и по една одиграна сезона, ја заврши кариерата. Крилниот играч имаше и 86 настапи во дресот на холандската репрезентација, а постигна и 17 погодоци.