Срцето на место – Ристовски може да здивне по три месеци (Фото)

Стефан Ристовски конечно може да здивне, бидејќи сопругата и синот му пристигнаа во Лисабон и целото семејство е заедно.

По тримесечна пауза поради пандемијата со Коронавирус и затворените граници, конечно десниот бек на Спортинг успеа да си ги доведе најблиските во Португалија, каде настапува од 2017 година.

Ристовски честопати истакнуваше дека му недостасува семејството, а сега може спокојно да продолжи со подготовките за рестарт на сезоната во Португалија.

Популарната Приемеира ќе продолжи на 3. јуни со мечеви од 25. коло, или прво по пауза од речиси три месеци.

Спортинг е на четвртото место со 42 бода, 18 помалку од Порто и 17 од Бенфика, двата големи ривали на Лавовите од Лисабон. Пред нив е и Брага со четири бода повеќе.

Спортинг ќе го почне рестартот на првенството на 4. јуни со меч на гостински терен против Гимареш.

- Оглас -

Најнови вести