Јап Стам се врати во Зволе, во клубот каде ја почна извонредната професионална кариера, но сега како тренер. Холанѓанецот повторно ќе биде кормилар на клуб по девет месеци пауза. Последен клуб каде работеше како тренер е Рединг, член на Чемпионшип лигата во Англија.
Стам ја почна професионалната кариера во Зволе во 1992 година, а потоа направи одлична фудбалска кариера во ПСВ Ајндховен, Манчестер јунајтед, Лацио, Милан и Ајакс, проткаена со многу титули.
Потоа повторно се врати во Зволе, а кај својата прва фудбаслка љубов работеше како асистент тренер од 2009 до 2013 година. Продолжи со истата функција во Ајакс и во неговиот втор тим, за потоа првпат да биде и главен менаџер во Рединг.
Сега ќе има многу работа во обидот да го извлече Зволе од зоната за испаѓање во популарната „Ере Дивизија“, како што ја нарекуваат првата холандска лига.