Стамкос е снаодлив како балерина, со пируета-гол го врати шампионскиот дух на Тампа беј (Видео)

Стивен Стамкос одигра извонреден меч за Тампа беј лајтнинг и со прекрасна асистенција и погодок беше лидер во првата победа на тимот во финалната серија против Колорадо авеланш.

Актуелниот првак славеше со 6:2 и намали на 1:2 во победи, а најави дека нема да се откаже лесно од хет-трик откако претходните две години го освојуваше пехарот во Стенли купот во НХЛ.

Стамкос, кој има корени од Македонија, фантастично реагираше во 15-тата минута од првиот период и на мајсторски начин му асистираше на Палат за 2:1, а потоа и самиот се запиша во листата на стрелците.

Откако се најде сам пред голманот на Колорадо, Стамкос направи пируета и ја погоди мрежата на Кумпер за 4:2 во тој момент.

Колорадо ги доби првите два меча на свој терен, сега шампионот возврати со прва победа дома и најави неизвесно финале, што се игра во седум меча максимум, односно до четири победи, а Авеланш би имале предност да играат дома во евентуалната мајсторка.

 

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести