Станува алармантно – И Обамејанг и уште двајца Габонци имаат срцеви проблеми

Пјер-Емерик Обамејанг, Аксел Меје и Марио Лемина имаат срцеви проблеми и не играат вечерва за Габон против Гана во меч од второто коло по групи на Африканскиот куп на Нации.

Оваа вест ја соопштија од раководството на репрезентацијата на Габон.

Претходно веќе имаше информација дека и Ол-раунд играчот на Баерн Минхен, Алфонсо Дејвис има миокардија и тоа како последица од прележан Ковид.

Популарниот Ауба и неговите соиграчи од селекцијата на Габон неодамна го прележаа Корона-вирусот, исто како и Дејвис.

Габон вечерва одигра нерешено 1:1 со Гана и има големи шанси да се пласира во следната рунда на Африканскиот куп на Нации.

 

- Оглас -

Најнови вести