Најбрзиот фудбалер во Бундеслигата има воспаление на срцев мускул, за се е виновен опасниот вирус

Алфонсо Дејвис има воспаление на срцевиот мускул, или миокардија, а иако медицинските лица на Баерн се уште не можат да потврдат се сомневаат дека тоа е последица од прележаниот Ковид-19.

Дејвис ќе мора да паузира неколку седмици за да биде потполно фит, а проблемот сепак не е премногу сериозен.

„Не знаеме се уште колку точно ќе биде паузата за Алфонсо. Не е ништо драматично, но ќе мора да одмори некое време за потполно да заздрави“, изјави тренерот на Баерн, Јулијан Нагелсман.

Тој го опиша проблемот на 21-годишниот фудбалер на Баерн, кој е најбрзиот играч во Бундеслигата со степен од „безопасен и досаден“.

- Оглас -

Најнови вести