Перфектен тикет дури со 14 параа вчера беше уплатен во Македонска Каменица. Тикетот е целосно фудбалски, со мечеви од Европа, а на сите е погоден „фиксот“.
Интересно е дека се одиграни само „кец“ и „два“, без ниедно реми, а на крајот само со 200 денари влог, добивката е одлична и изнесува 118.925 денари, односно речиси 2.000 евра. Погоден е вкупен коефициент од 699.38.
ДВА МЕЧА СО ПРЕСВРТИ СО ЧУДО КАКО ИСПАДНАА СПОРЕД ПОСАКУВАНОТО
За да се погоди еден ваков тикет, секако дека освен знаење и добро прогнозирање, потребно е да се има и среќа. Таа среќа обложувачот најмногу ја имаше на два дуела. Алавес и Реал Сосиедад во Купот на Шпанија. Гостите требаше да победат, а Алавес водеше со 2:1 на полувреме, а во 67-мата минута промашија и пенал за да поведат со 3:1. потоа следуваше пресвртот, кога Сосиедад постигна два гола во период од 76-тата до 80-тата минута за победа од 2:3.
Ница со 3:2 го победи Монпелје во дуел на кој гостите водеа со 0:2 до 72-рата минута. Пресвртот на Ница се случи во финишот. Најпрво погодија за 1:2, а потоа во 89-тата минута домаќините израмнија на 2:2. Се играше 90+7 минута кога Ница даде и трет гол за победа од 3:2 и „кец“ кој беше посакуван од обложувачот во Македонска Каменица.


