Старата дама разиграна: почна со аргентинско танго, па продолжи со српско оро

Најтрофејниот италијански клуб, Јувентус, со 3-0 го надигра и го совлада Сасуоло и победнички ја отвори сезоната во Серија А.

А, во составот на тренерот Масимилијано Алегри фалеа ѕвезди од типот на Погба, Кјеза, Кен, Шченсни, Рабио, па кога ќе се комплетира тимот, јасно е дека ќе биде сериозен конкурент за титулата.

Фановите во Торино имаа можност да го поздрават и најновото засилување, Филип Костиќ, кој играше половина час.

Гол-серијата ја отвори засилувањето Анхел ди Марија, а потоа два гола даде Душан Влаховиќ, кој има 11 погодоци во црно-белиот дрес, кој го облече во јануари. Ди Марија предвреме го заврши мечот поради проблем со мускул во левата нога.

- Оглас -

Најнови вести