Ди Марија им даде причина за оптимизам на навивачите на Јуве (Видео)

Јувентус води со 2-0 по првото полувреме на натпреварот со Сасуло од последниот меч од првото коло сезонава во италијанската Серија А. Старата дама поведе со гол на Анхел ди Марија, а на 2-0 зголеми Душан Влаховиќ од пенал.

Ди Марија, кој дојде од ПСЖ, постигна убав гол и најави дека е засилување за тимот кој сезонава има амбиција да се врати на врвот и да ја прекине двегодишната доминација на клубовите од Милано.

Ди Марија ја продолжува традицијата на аргентински стрелци во дресот на Јуве во последните години, по Тевес, Переира, Дибала и Игуаин.

- Оглас -

Најнови вести