Со головите на Моизе Кен, Винстон Меккени и два на Адриен Рабио, Јувентус вечерва без проблеми го совлада Емполи со 4-0 во меч од италијанската Серија А.
Меккени по петти пат откако е во Серија А, дава гол со глава, и во оваа статистичка категорија е само зад Сергеј Милинковиќ Савиќ, ако се смета од 2020 наваму. И Рабио даде гол со глава, а за Кен тоа беше прв погодок сезонава.
Во минатата сезона, Емполи го изненади Јуве во Торино со 1-0, овојпат Старата дама ја оправда фаворитската улога.
Ова е голот на Меккени за 2-0:
https://twitter.com/i/status/1583549465600098304