Даниел Стариџ не ги задоволи вкусовите на челниците и на стручниот штаб на Трабзонспор и само по 10 одирани натпревари за лидерот во турското првенство, си замина.
Поранешниот англиски репрезентативец со 28 настапи за Гордиот Албион беше најавен како сериозно засилување на клубот што има амбиции да ја освои титулата, но одигра малку натпревари и постигна само 4 гола.
Стариџ има настапи за селекцијата на Англија во сите возрасни категории, од 16 години до сениорската репрезентација, играше за три англиски гиганти, Манчестер сити, Челзи и Ливерпул, но кариерата му е во надолна линија.
Го мачат и повреди во последно време, па од 2018 година има одиграно само 16 меча, шест за Вест Бромвич албион и 10 за Трабзонспор.