Старо-новиот Ф1 првак во шампионски стил до победа во Катар

Макс Ферстапен е победник на Ф1 трката за Големата награда на Катар. Холандскиот возач вчера на спринт трката ја обезбеди третата светска шампионска титула, а денеска на главната трка покажа зошто е најдобар.

За доминацијата на Ферстапен во оваа сезона говори и фактот дека ова е негова 14 победа сезонава. По комплетирање на 57-те кругови, Ферстапен имаше речиси пет секунди пред второпласираниот Оскар Пјастри, додека третопласиран е Ландо Норис, што значи дека Мекларен имаше двајца свои возачи на победничкиот пиедестал.

- Оглас -

Најнови вести