Старт за мерак – Дербито меѓу Рома и Наполи на чело на колоната во деветтото коло на Спортска прогноза

Рома и Наполи со дербито во Серија А ќе го означат почетокот на деветтото коло од новата сезона во Спортската прогноза, а за првпат на менито со основните 13 двојки, плус две резерви се натпревари исклучиво од топ-5 лигите во Европа.

И стартот е вистински предизвик за прогнозерите, кои од коло во коло ги има сè повеќе, а деветката почнува со големото дерби во Калчото.

Од 15 часот во сабота ќе играат Рома и Наполи и до тој термин можете да типувате на популарната тринаесетка. Во игра сте за главната премија IPhone XS, што ќе ја добие прогнозерот со максимален ефект и 13 погодени натпревари.

И промашувањата се наградуваат во Sport Life, а една утка, или поточно 12 погодени натпревари ви носат ваучер од 1.000 денари, а ако „фатите“ единаесетка, можете да си уплатите тикет од 500 денари.

Во ова коло има уште дузина интересни мечеви, а формацијата овојпат ни е 5-7-1. Пет меча се играат во сабота, уште 7 во недела, а завршницата е со мечот меѓу СПАЛ и Сампдорија во понеделник.

Во фокусот покрај „Олимпико“ во Рим, ќе биде и жешкиот „Санчес Писхуан“, каде што Севилја ќе има огромна поддршка од својата публика против Атлетико Мадрид во главниот меч од 12-тото коло во шпанската Ла Лига.

Не заборавајте со внимание да ги прогнозирате исходите и на двата резервни пара и дуелите меѓу Тулуз и Лион, односно Фиорентина и Парма, кои носат поени во битката за врвот во Генералниот пласман.

По завршувањето на последното коло од втората сезона на Спортската прогноза, шампионот ќе ја добие премијата ТВ Смарт од 48 инчи.

Награди ќе има за Топ-5 прогнозерите во вкупен поредок по следниот редослед:

За второпласираниот прогнозер во вкупниот поредок на крајот од сезоната следуваат 500.000 SL маркет поени, за треторангираниот 400.000 поени, за следниот 300.000 поени и за заокружување на топ-5 најдобри прогнозери се добива 200.000 поени, кои можете да ги искористите за уплата на тикети или за нарачка на производите што ги нуди Sport Life со богат избор, кој можете да го најдете во SL маркетот на нашата позната обложувалница.

 

- Оглас -

Најнови вести