Српскиот шампион Црвена Ѕвезда го задржа максималниот учинок од 7 победи на стартот од новата сезона, а победата од 3:1 против Чукарички на гости, остана во сенка на тешката повреда на Марко Доциќ во 63. минута.
Играчот на Чукарички доживеа тешка повреда по бруталниот старт на Секу Саного, но наместо црвен картон за фудбалерот на гостите судијата Лукиќ му покажа само жолт картон на интернационалецот од Брегот на Слонова Коска.
https://twitter.com/Fudbalski_Hram/status/1304492065028485122?s=20
Доциќ беше изнесен на носилка од теренот, повредата е тешка и тој ќе паузира подолго време. Саногф потоа беше заменет, а веднаш им се извини на домаќините за стартот со кој го повреди Доциќ.